Oна што вчера вечерта го најавија италијанските медиуми денес се потврдува – Федерико Киеза ќе го засили Јувентус!
Фудбалерот на Фиорентина пристигна на прегледи во Торино и до крајот на денот ќе потпише договор со италијанскиот шампион. Киеза пристигнува на позајмица, а Јувентус ќе може да го откупи неговиот договор за 50 милиони евра, барем такви се најавите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Киеза пристигнува откако Јувентус се договори со Баерн за Даглас Коста кој исто така денес треба да го заврши трансферот во германскиот гигант каде што играше и претходно.