Дома Фудбал Останато Големи промени во ПСЖ, заминува и Леонардо

Големи промени во ПСЖ, заминува и Леонардо

Сопствениците на ПСЖ имаат намера да направат промени во раководството и да донесат нов спортски директор на местото на Леонардо, пренесуваат француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сопствениците од Катар не се задоволни со работата на Леонардо, иако имаат ѕвезден тим и неограничен буџет, па сакаат да направат промени на лето.

Наводно Зинедин Зидан, кој се поизвесно ќе биде нов тренер, не сака да работи со Бразилецот и му порачал на раководството да доведе нов спортски директор.

Сопствениците му замеруваат на Леонардо и поради отказот кој му го даде на Томас Тихел, кој неколку месеци подоцна стана европски шампион со Челзи.

Притоа, Леонардо не успеа да го убеди Мбапе да стави потпис на нов договор и големата ѕвезда ќе замине без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Комо се обидува да му украде засилување на Интер

Комо испрати официјална понуда за израелскиот репрезентативец Анан Халаили од Ројал Унион …