Дома Фудбал Англија Големи пофалби за Џани: Секој клуб сака таков играч, сигурен сум дека Лидс ќе му го продолжи договорот

Големи пофалби за Џани: Секој клуб сака таков играч, сигурен сум дека Лидс ќе му го продолжи договорот

Кевин Филипс кој пред 20 години беше најдобар стрелец во Европа со 30 гола во дресот на Сандерленд е убеден деа Лидс многу брзо ќе го продолжи договорот со Езгјан Алиоски.

Алиоски во Лидс дојде во 2017 година од Лугано и брзо стана омилен во клубот и кај навивачите. Филипс во англиските медиуми испрати големи пофалби за македонскиот фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Од она што можев да го видам во неговиот пристап, на секој клуб му е потребен еден таков играч. Кога влегува од клупата за резерви може да го промени комплетниот тек на мечот, а ако се најде од првата минута на теренот може да донесе „магија“. Најважно е што никогаш не се жали, таков фудбалер му е потребен на секој клуб. Сигурен сум дека многу брзо Лидс ќе го продолжи договорот со Џани“, изјави Филипс.

Дека Алиоски многу брзо ќе потпише нов договор најавуваа и англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…