Дома Фудбал Англија Големи критики за легендите на Ливерпул: Џерард беше егоист, Карагер имаше две леви нозе

Големи критики за легендите на Ливерпул: Џерард беше егоист, Карагер имаше две леви нозе

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, но и бројни други англиски и француски клубови, Ел Хаџи Диуф кој внимението на јавноста го привлече со своите настапи на Светското првенство во 2002 година откри што мисли за легендите на Ливерпул.

Диуф трансферот во Ливерпул го направи непосредно после Светското првенство, а таму имаше прилика помеѓу останатите соблекувалната да ја дели со Стивен Џерард и Џејми Карагер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој во изјавата за „беИН Спортс“ не штедеше критики на сметка на овие две легенди на Ливерпул.

„Стивен Џерард е голем егоист. Не му беше важно Ливерпул да победува, него му беше важно тој да постигне гол“, истакна Диуф, па продолжи за Карагер.

„Карагер е последната личност со која би го поминал Божиќ. Го мразам. Тој беше најлошиот соиграч кој сум го видел на теренот. Беше бескорисен. Имаше две леви нозе, да не беше Скоусер никогаш не би имал кариера каква што направи“, остро порача Диуф.

Последниот клуб за кој Сенегалецот играше беше малезискиот Сабах, а после пензионирањето се насочи кон политиката. Веќе две години е член на сенегалскиот парламент и за неколку години би можел да стане и претседател на државата.

„Планирам да се кандидирам за претседател. Веројатно тоа ќе биде во 2024 година“, откри Диуф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…