Барселона освои само бод кај Севиља и сега Реал има шанса да се изедначи со Каталонците.
Скоро сите играчи на Барса се на мета на критики, а „Марка“ го посочи Иван Ракитиќ како најголем виновник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ракитиќ веќе од поодамна е на мета на критики, а сега медиумите отидоа и подалеку.
„Играта на Хрватот беше се послаба како што поминуваше времето. Посебно немоќен и невидлив беше во второто полувреме.“ пишува Марка.
На Реал Мадрид сега му преостанува да ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Реал Сосиедад.