Дома Фудбал Англија Големиот талент ги одби Јунајтед и Баерн поради Дортмунд

Големиот талент ги одби Јунајтед и Баерн поради Дортмунд

Љубителите на фудбалот со сигурност веќе добро го познаваат Џуд Белингем.

Овој 16-годишен англиски фудбалер оваа сезона доби шанса во дресот на Бирмингем и прикажува одлични игри во Чемпионшип. Нормално, со своите игри го привлече вниманието на европските великани и за него владее огромен интерес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, битката за неговиот потпис веројатно ќе ја добие Борусија Дортмунд. Билд тврди дека младиот играч ги одбил понудите на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед и донел одлука да го облече дресот на тимот од Дортмунд.

Така, Борусија во своите редови од следната сезона ќе има уште еден талентиран фудбалер и нема дилеми дека во иднина ќе заработат добро за неговата продажба. Од друга страна, Дортмунд за неговите услуги ќе издвои околу 30 милиони евра.

Белингем оваа сезона одигра 32 натпревари во Чемпионшип и оствари учинок од четири гола и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…