Поради финансиски неправилности славниот Бордо е исфрлен во третиот ранг на францвускиот фудбал.
Бордо е шесткратен шампион на Франција, но денес клубот е далеку од тие славни денови. Минатиот месев клубот испадна во втората лига откако беше последен во Лига 1. Покрај слабите резултати имаа и долг од околу 40 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со тој долг Бордо не успеа да го убеди француското надзорно тело дека ќе биде во можност да ги исполни своите финансиски обврски. Од минатата година Бордо е во сопственост на Џерард Лопез кој сега најави жалба на ваквата одлука.
Покрај шесте титули во првенството, Бордо освои и четири трофеи во Купот. Овој период за клубот е веројатно и најтешкиот од нивното постоење…