Дома Фудбал Останато Големината на Икер повторно на дело: Касиљас испрати емотивна порака до поранешниот конкурент кој „исчезна“!

Големината на Икер повторно на дело: Касиљас испрати емотивна порака до поранешниот конкурент кој „исчезна“!

valdes

Големиот Икер Касиљас повторно го воодушеви светот и ја покажа својата големина.

Имено, Касиљас е „виновникот“ што Виктор Валдес беше само втор голман во редовите на шпанската репрезентација во најголемите успеси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема никакви дилеми, Виктор Валдес е одличен голман, но Икер Касиљас во времето кога Шпанија беше најсилна репрезентација во светот беше аполутно неприкосновен на својата позиција.

Валдес сега без никакви најави за пензија, после летото кое го помина без ангажман едноставно исчезна. На 1 јануари тој на својот профил објави фотографија под која напиша: „Ви благодарам на се“.

Веднаш потоа ги избриша фотографиите на својот Инстаграм и Твитер профил. Единствено објаснување за неговото исчезнува е изјавата која ја даде пред три години.

„Кога еден ден ќе заврши се, ќе исчезнам за да уживам со своите деца кои ќе се обидам да научам на животот. Кога ќе исчезнам, тешко ќе може некој да ме пронајде“, изјави Валдес пред три години.

valdes

Неколку дена подоцна Касиљас одлучи преку Твитер да испрати порака до Валдес, кој веројатно и нема да ја види оваа порака.

„Не е потребно да ја гледаме твојата колекција на трофеи за да знаеме колку голем голман беше. Виктор, среќно во својата нова етапа од животот“, порача Касиљас.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…