Дома Фудбал Голема чистка во Манчестер Јунајтед. Новиот косопственик отпиша дури 11 играчи?

Голема чистка во Манчестер Јунајтед. Новиот косопственик отпиша дури 11 играчи?

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД би можел да доживее огромни промени во играчкиот кадар во претстојниот преоден рок. Сер Џим Ретклиф, милијардер кој неодамна стана косопственик на клубот со околу 25% од акциите во негова сопственост, доби дозвола да иницира и повлече клучни потези во спортската политика на клубот.

Дејли Мејл пишува дека вториот најбогат човек во Велика Британија сака да го искористи својот финансиски капитал за да му овозможи на Јунајтед целосно да го смени играчкиот кадар во еден преоден рок. Се очекува дури 11 фудбалери да го напуштат клубот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Хари Мегваер, Рафаел Варан, Касемиро, Арон Ван-Бисака, Скот Мектоминај, Виктор Линделоф и Кристијан Ериксен се играчи од кои Ретклиф верува дека Јунајтед може да заработи пари, а тој исто така сака да се ослободи од позајмените Брендон Вилијамс, Дони Ван де Бик, Факундо, Пелестрија и Џејдон Санчо.

Ретклиф истакнува дека навивачите треба да бидат свесни дека резултатите нема да дојдат во првата сезона. „Навивачите не смеат да го изгубат трпението, имаме десетгодишен план. Ќе ни требаат најмалку три години да го достигнеме нивото што го посакуваме. Не е реално да се мисли дека веднаш ќе можеме да играме фудбал каков што Сити играше против Реал Мадрид минатата сезона“, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …