Дома Фудбал Репрезентации Голема сензација на СП до 17 години: Англија елиминирана од Узбекистан!

Голема сензација на СП до 17 години: Англија елиминирана од Узбекистан!

На Светското првенство за играчи до 17 години се случи голема сензација откако Узбекистан во осминафиналето ја елиминираше Англија и така си обезбеди место помеѓу најдобрите осум во светот.

На теренот Англија имаше по тројца младинци на Челзи и Манчестер Сити, Англичаните потфрлија. Сепак, мора да се истакне и одличниот настап на голманот Собиров кој одбрани девет удари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Резултатот по само четири минути го отвори Саидов, Англија успеа да изедначи преку Надала, но во продолжението на 20-тина миунти до крајот Мизарев погоди за 1:2. Резултат кој се покажа и како конечен.

За Узбекистан ова е историски резултат и не е случаен бидејќи во групната фаза оваа селекција ја победи Канада, а ремизираше со Шпанија. Изгубија само од Мали, но и покрај тоа се пласираа во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…