Дома Фудбал Голема распродажба во Барселона. Само тројца играчи се недопирливи

Голема распродажба во Барселона. Само тројца играчи се недопирливи

Откако се предомисли и ја повлече одлуката да ја напушти Барселона на крајот од сезоната, Чави почна да размислува за обнова на составот за следната сезона.

Тренерот на Барселона сака да го засили тимот со неколку нови играчи, но Каталонците прво ќе мора да продадат некои играчи пред да купуваат нови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За ова е свесен и Чави кој на клупското раководство им порача дека само тројца играчи се недопирливи.

Мундо Депортиво пишува дека тоа се Гави, Ламине Јамал и Пау Кубарси, додека сите останати може да се продадат. Чави на тој начин сака да задржи тројца млади фудбалери и продукти на Ла Масија, кои треба да бидат долги години предводници на тимот.

Најстариот меѓу нив е Гави, 19-годишен играч од средниот ред, додека Јамал и Кубарси се двајца големи таленти родени во 2007 година.

Јамал на позицијата крилен напаѓач има голема улога во текот на оваа сезона, а Кубарси се наметна на позицијата стопер во вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…