Екипата на Рома издвојува голема победа на трансфер пазарот!
„Волчицата“ го доведе крилниот напаѓач на Ајакс, Џастин Клајвер син на легендарниот фудбалер Патрик Клајверт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џастин има само 19 години, но со своите настапи во дресот на Ајакс го сврте вниманието на бројни европски клубови, а на крајот Рома беше таа која успеа да го доведе во своите редови.
Реномираната „Газета дело Спорт“ и познатиот новинар Фабрицио Романо, објавија дека работата е договорена. Спортскиот директор Мончи кој уште еднаш ја покажа својата генијалност и кралот на „меркатото“, Мино Раиола кој е застапник на младиот фудбалер, дефинирале детален договор на пет години.
#Roma director Monchi today had a meeting with Mino Raiola and found an agreement for Justin #Kluivert. The winger has accepted 5-years contract bid. Now, Roma will start talks with #Ajax and will try to finalize the deal (price around €20M). And Kluivert is waiting… ??
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 30, 2018
Како што се пренесува останува само уште да се договрат Рома и Ајакс за висината на оштета, Ајакс бара сума од 35 милиони евра, но од Рома сметаат дека тоа е премногу за играч на кого договорот му истекува за само една година кога би можеле да го доведат и бесплатно.
Да потсетиме, претходно во Рома пристигнаа Анте Чориќ од Динамо и дефанзивецот на Порто, Иван Маркано кој вчера пристигна во Рим.