Mакедонската фудбалска репрезентација конечно се израдува на победа и тоа со играч помалку против Ерменија (2:0).
Најголемата прилика за нас во првиот дел ја пропушти Елиф Елмас во 21-та минута кога промаши зицер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во финишот од првиот дел останавме со играч помалку откако, Ѓоко Зајков заработи втор жолт картон и беше исклучен.
Но и со еден таков хендикеп, избраниците на Благоја Милевски дојдоа до голема победа. Најпрво резултатот го отвори Барди во 70-та минута со одличен гол од слободен удар, а во 79. минута, Миовски ги постави конечните 2:0.
Enis Bardhi hunts Armenia with this great freekick!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
pic.twitter.com/JDB37TGlav
Фото: ФФМ