Дома Трансфер зона Голема битка за потписот на канадското „чудо“ (видео)

Голема битка за потписот на канадското „чудо“ (видео)

Ова лето се очекува европските гиганти да се борат за потписот на 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид.

Дејвид оваа сезона блеска во дресот на Гент и постигна 23 гола и запиша 10 асистенции на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи, Милан, Арсенал и Тотенхем.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот Канаѓанец е следен и од неколку клубови од Бундеслигата, а германските медиуми пренесуваат дека Борусија Мехенгладбах веќе испратила понуда од 27 милиони евра.

Сепак, таквата понуда нема да биде доволна бидејќи Гент за слободата на својот „бисер“ бара 35 милиони евра.

Белгиските медиуми тврдат дека ова лето се очекува голема битка за потписот на Дејвид и дека најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…