Дома Фудбал Репрезентации Големата надеж на Арсенал бира помеѓу две репрезентации

Големата надеж на Арсенал бира помеѓу две репрезентации

Репрезентацијата на Италија би можела да добие големо засилување во иднина.

Имено, претставници на Фудбалскиот сојуз на оваа земја воспоставија контакти со младиот играч на Арсенал, Габриел Мартинели.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој 18 годишен играч е роден во Бразил, но се уште не настапил за оваа селекција иако селекторот Тите го повика на припремите пред Копа Америка која се одржуваше ова лето.

Мартинели би можел да добие државјанство и од Италија преку својот татко и од Фудбалскиот сојуз сакаат тоа да го искористат со оглед дека Мартинели се уште нема настап за Бразил.

Конкуренцијата во Бразил е голема: Нејмар, Роберто Фирмино, Габриел Хесус, Винисус Жуниор, Даглас Коста и Лукас Моура…Поради ова нема да биде изненадување ако Мартинели избере да игра за Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…