Дома Фудбал Лига на шампиони Голеада на „Енфилд“ и пласман на Ливерпул, Спортинг покажа сила, Копенхаген елиминиран

Голеада на „Енфилд“ и пласман на Ливерпул, Спортинг покажа сила, Копенхаген елиминиран

Како и изминатата и вечерва се одиграа пет средби од плеј-офот за Лигата на шампионите.

Тимот на Јирген Клоп, одигра уште еден одличен натпревар и славеше против Хофенхајм со резултат 4:2. Веќе до 21 минута домаќините имаа предност од 3:0, Емре Џан постигна два погодоци, додека еден беше дело на Мохамед Салах. Седум минути подоцна, Утх успеа да ја затресе мрежата на Мињоле, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот дел Ливерпул како да подзастана, но сепак одигра сосема добро полувреме. Фирмино во 63 минтуа од натпреварот зголеми на 4:1, а конечните 4:2 ги постави Вагнер на десетина минути пред крајот на средбата.

Портивникот од кој Вардар беше исфрлен во квалификациите за Лигата на шампионите, доживеа елиминација од тимот на Карабах. Откако на домашен терен Карабах успеа да запише победа од 1:0, денес поразот од 2:1 во Данаска беше сосема доволен за да се изборат за промоција во Лигата на шампионите.

Португалски Спортинг покажа моќ на гостувањето кај Стеауа и славеше со победа од 1:5, Апоел одигра 0:0 и се пласираше во најелитното натпреварување, додека ЦСКА Москва запиша победа од 2:0 против Јанг Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…