Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт реди победи, порази за Денвер и Далас без Јокиќ и Дончиќ

Голден Стејт реди победи, порази за Денвер и Далас без Јокиќ и Дончиќ

Голден Стејт не запира во НБА лигата и изминатата вечер дојде до 15. сезонска победа.

Нова „жртва“ на Вориорси беше Торонто кого го совладаа со 119:104. Џордан Пул и Ендрју Вигис блескаа во натпреварот, а Стеф Кари во овој меч имаше скромен ефект од само 12 поени. Затоа Пул постигна 33 поени, а Вингс 32. Во редовите на Торонто најрасположен беше Сиакам со 21 поен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На западот победничката низа ја продолжи Феникс. Феникс славеше над тимот на Денвер со 126:97. Џонсон постигна 22 и Ејтон 21, тие беа најефикасните кај домаќините. Во редовите на Денвер кој беше без Никола Јокиќ, Грин стигна до 19 поени.

Лука Дончиќ поради повредата го пропушти и третиот натпревар за Далас. Тренерот на Маверикс не сакаше да ризикува во мечот со Клуперс. Далас во негово отсуство беше поразен со 97:91. Пол Џорџ ги предводеше домаќините со 29 поени, додека кај Далас Порзингис уфрли 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: ЛА Клиперс – Далас 97:91, Детроит – ЛА Лејкерс 116:121, Чикаго – Њујорк 109:103, Феникс – Денвер 126:97, Голден Стејт – Торонто 119:104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …