Дома Кошарка Голден Стејт демантира дека играчите нема да одат кај Трамп

Голден Стејт демантира дека играчите нема да одат кај Трамп

Новите шампиони во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, ги демантираа информациите дека го одбиле приемот кај претседателот Доналд Трамп. Клубот соопшти дека тие сè уште не добиле покана од Белата куќа.

„Сè уште не сме добиле покана, а одлуката ќе ја донесеме кога и доколку биде потребно“, соопштија од клубот.

Медиумите во вторникот ја пренесоа информацијата дека играчите на Голден Стејт на тајно гласање решиле да не одат на приемот кај контроверзниот американски претседател.

Голден Стејт пред две дена ја освои титулата во НБА лигата, втора во последните три години, откако славеа со 4-1 во финалната серија против Кливленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Митевска осма во олимпиското младинско финале на 100 метри во Дакар

Ева Митевска стигна меѓу деветте финалистки на Младинските олимписки игри и заврши на осма…