Голден Стејт Вориорси изедначија во финалната серија на 1:1 во плеј-офот во НБА лигата против Бостон откако го добија вториот натпревар по ред на домашен терен со убедливи 107:88.
Во победата клучна беше третата четвртина во која Вориорси имаа серија од 19:2 со што се одлепија на 87:64. Најдобар поединец во редовите на Голден Стејт беше Стеф Кари со 29 поени, Џордан Пул со 17 поени го надополни слабиот настап на Клеј Томпсон кој уфрли само 11 поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пул влезе и во историјата на НБА откако со 22 години стана најмладиот играч кој постигна барем пет тројки во еден финален натпревар.