Дома Македонски спорт Мак ракомет Голден Арт КЛ7 бара суспензија од РФМ за играчите кои не се појавија на подготовките

Голден Арт КЛ7 бара суспензија од РФМ за играчите кои не се појавија на подготовките

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира пошироката спортска јавност дека на ден 06.09.2021 година (понеделник) преку својот адвокат поднесе барање до Ракометната федерација на Македонија за суспензија поради неисполнување на обврските од договорот за следните играчи:

Олег Јорданов, Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Стојковиќ, Филип Крстески, Мартин Димоски, Александар Стојков, Ѓорѓи Ерманоски, Емилијан Ѓорговски, Никола Цветаноски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Согласно потпишаните договори со играчите наведени погоре, Клубот од своја страна кон играчите ги има исплатено сите обврски во однос на финансиски средства и испочитувано сите услови пропишани во Договорите со истите. Иако Клубот уредно ги покани сите играчи со важечки договори да се приклучат на подготовките на екипата, ниту еден од нив не се појави на тренинг и не го информираше Клубот за својата одлука да го напушти истиот, по што Клубот ги суспендираше играчите.

Исто така, Клубот информира дека е отпочната и судска граѓанска постапка против сите играчи кои до сега не се јавиле на подготовките на Клубот за оваа сезона, и побарано е заштита од сите релевантни домашни и меѓународни спортски инстанци.

Доколку не се преземат соодветни мерки од страна на РФМ, и не се одговори позитивно на нашето барање, ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ќе ги оспори резултатите на клубовите за кои ќе настапат играчите за кои се бара суспензија и ќе го смета првенството за нерегуларно.

Во интерес на развој на спортот, а во улога на спортски клуб кој од своето формирање води политика на инвестирање во млади македонски ракометари кои во иднина ќе се стават на располагање на националниот тим и ќе ги бранат боите на Македонија, апелираме до сите релевантни институции вклучувајќи ја тука и матичната федерација, да се почитуваат договорите и да не се дозволи регистрирање и настап на играчи со важечки договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…