Со само 19 години Ерлинг Халанд игра фантастично оваа сезона и буквално ја воодушеви фудбалска Европа со своите настапи во Лигата на шампиони.
Настапите на Халанд во Лигата на Шампионите не поминаа незабележано од гиганти како Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кои наводно веќе испраќале понуди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Извесно е дека клубот од градот на Моцарт значително ќе профитира од продажбата на Халанд. Норвежанецот во Салзбург пристигна на почетокот на оваа година од Молде за само пет милиони евра.
Меѓутоа, медиумите најавуваат дека Халанд може да направи изненадувачки трансфер – во Лајпциг.
Она што ги поврзува овие два клува е секако компанијата „Ред Бул“, која покажа дека Лајпциг е нивниот најголем фудбалски проект во Европа.
Поради тоа често играчи од Салцбург се селат во Лајпциг, а најверојатно таков ќе биде и случајот со Халанд.
Впечатокот е дека Бундеслигата ќе биде добар следен чекор за тинејџерот каде треба додатно да се развие и додатно да се зголеми неговата цена.