Уругваецот Диего Годин кој ова лето го одби Манчестер Јунајтед не го продолжил договорот со Атлетико, како што беше објавено.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Договорот на Годин со вицешампионот на Шпанија има важност до следната година, а иако се шпекулираше дека би можел да го продолжи до тоа нема да дојде.
Новиот капитен на „јорганџиите“ за кого ова лето се интересираа Манчестер Јунајтед и Јувентус потврди дека не го обновил договорот.
„Не го обновив договорот“, изјави Годин за шпанските новинари, па потоа додаде:
„Останав во Атлетико Мадрид поради лични причини. Ова лето имав неколку понуди, но ги одбив сите. Во новата сезона сакам со Атлетико да ја освојам Лигата на шампионите, но и да бидеме конкуренти во сите останати натпреварувања“, заврши Уругваецот.