Дома Фудбал Лига на шампиони Говорот на тренерот на Салзбург на полувремето од натпреварот со Ливерпул (ВИДЕО)

Говорот на тренерот на Салзбург на полувремето од натпреварот со Ливерпул (ВИДЕО)

Малку недостасуваше Салзбург да направи сеназија на „Енфилд“, тие на „Енфилд“ успеаа од 0:3 да стигнат до 3:3, но Ливерпул на крајот сепак славеше со 4:3.

Ливерпул беше голем фаворит и водеше со 3:0, но на крајот мораше добро да се потруди да дојде до победата. Австрискиот шампион во продолжението постигна три гола и го шокираше тимот на Јирген Клоп, но Салах успеа да постигне уште еден гол и да донесе победа за „црвените“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега се појави видео од говорот на полувремето на тренерот на Салзбург кој е навистина фантастичен.

„Само излезете тамо и тепајте се со нив. Колку прекршоци направивме? Можеби два? Па не е ова еб*н пријателски натпревар, ова е Лига на шампиони. Мораме повеќе да се бориме, играме со премногу почит. Дали се силни? Да, но тоа не значи дека треба да бидеме љубезни кон нив и да не се бориме. Мора да не почуствуваат, дечките мораат да знаат зошто сме тука, зошто се натпреваруваме. Ајде има што да понудиме“, зборувал Хесе Марш.

Овој американски тренер работеше во Њујорк и Лајпциг како помошник на Ралф Рангнек и двата клуба баш како и Салзбург се спонзорирани од страна на Ред Бул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…