Дома Фудбал Англија „Гледам фудбал 40 години. Натпреварот помеѓу Тотенхем и Челзи е најлудиот досега“

„Гледам фудбал 40 години. Натпреварот помеѓу Тотенхем и Челзи е најлудиот досега“

ТОТЕНХЕМ загуби со 4:1 на домашен терен од Челзи во натпреварот од 11. коло на англиската Премиер лига.

Натпреварот го заврши со двајца играчи помалку по црвените картони на Кристијан Ромеро во 33. минута и Удоги во 55. минута од натпреварот.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Џејми Карагер и Гери Невил направија стандардна анализа на играта за Скај Спорт.

„Гледам фудбал речиси 40 години и како неутрален гледач ќе кажам дека ова беше еден од највозбудливите натпревари што сум ги видел поради многу причини. Ова беше вистински доказ дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот“, рече Карагер.

Невил додаде: „Прв пат видов тим кој загуби со 4-1 да добие овации. Тоа е луда, луда ноќ. Лудо од почеток до крај“.

Многумина се воодушевени од борбеноста на Спарс, кои не се откажаа ниту со двајца играчи помалку.

Челзи ја искористи бројчаната предност со хет-трикот на Николас Џексон и на тој начин ги освои трите бода во лондонското дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Компани откри како ќе изглеа Баерн: Едноставно е, храбро и агресивно

Баерн Минхен потврди дека Винсент Компани е нов тренер и дека ставил потпис на договор со …