Пред денешниот натпревар против Гостивар во 18 часот, од екипата на Академија ФМП го најавија мечот кој ќе го играат на домашен терен во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.
„Се среќаваме со една од екипите која претендира да биде во Топ 4 екипи во лигата. Екипа која го задржа костурот од минатата сезона со дополнителни засилувања на одредени позиции.
Нас како екипа која беше во повеќедневен карантин, пред се ни е најбитно здравјето на нашите играчи поради целата ситуација која владее моментално, но не се откажуваме предвреме и одиме да го дадеме својот максимум против фаворитот на овој натпревар.“ – изјави тренерот Александар Петровиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гостивар е фаворит, но капитенот Главчер порача дека тимот нема да се предаде и дека одат по изненадување.
„Екипата на Гостивар е фаворит на хартија, но сепак ние сме млада екипа и не се предаваме и одиме на фактор изненадување. Имавме мал период да се подготвиме после карантинот, но сепак јас и моите соиграчи ќе излеземе на терен со желба за докажување и позитивен резултат“, изјави Главчер
Фото: Академија ФМП