Дома Фудбал Англија Главоболки за Гвардиола: Нова тешка повреда во неговиот тим!

Главоболки за Гвардиола: Нова тешка повреда во неговиот тим!

Резервниот голман на Манчестер Сити, Клаудио Браво ја повреди ахиловата тетива на левата нога за време на тренингот и најверојатно за него сезоната е завршена.

Повредата на Браво е сериозен удар за менаџерот Пеп Гвардиола, кој сега ќе може да смета единствено на Едерсон, бидејќи Џо Харт го напушти клубот.

Браво во наредните денови ќе замине во Барселона каде што ќе мине детални прегледи и ќе биде опериран, а од фудбалските терени ќе отсуствува околу 8 месеци.

Претходно на тренинг Гвардиола го загуби и Кевин Де Брујн на три месеци, заради повреда на лигаментите на коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Модриќ на „Сан Сиро“ му пееја тоа што во минатото му се пееше на Марадона (Видео)

Лука Модриќ (41) во голем стил се врати по слабата игра против Лацио и неиграњето против Б…