Дома Фудбал Англија Главното прашање денес во Англија: Што ќе биде со Марез? – Се огласи менаџерот на Лестер

Главното прашање денес во Англија: Што ќе биде со Марез? – Се огласи менаџерот на Лестер

Што ќе биде со Ријад Марез тоа е главното прашање после затварањето на трансфер пазарот…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повторно се обидуваше на се, бараше трансфер, бојкотираше, одби да игра против Еверон, но и покрај тоа Лестер не го пушти.

„Скај Спорт“ пренесува дека Марез е разочаран до толку многу што на свој близок пријател му се доверил дека повеќе не сака да игра за „лисиците“.

Сепак, тренерот на Лестер Клод Пуел е спремен да му пружи рака за смирување и да му овозможи повторно да конкурира за тимот.

„Добро е што остана, тоа е убава вест, ќе зборувам со него. Морам да внимавам и на остатокот од тимот, кога во прашање е Ријад ќе видиме…Ситуацијата тешка, но ќе мораме да се избориме. Се надевам дека ќе се врати на тренинзите со насмевка на лицето и ќе биде среќен што ќе игра со нас“, изјави Пуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…