Пол Погба најверојатно ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед и на лето ќе ја промени средината.
Манчестер Јунајтед веќе ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Погба за додатни 12 месеци, па сега неговиот договор истекува во јуни 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, нема никаква најава за продолжување на договорот, па Погба сигуно ќе биде ставен на продажба на лето.
„Дејли Стар“ пишува дека по преземањето на ПСЖ, Маурисио Покетино доставил листа на трансфер желби до управата, а примарна желба е токму Пол Погба.
За Погба силен интерес покажува и Јувентус, но ПСЖ во моментов е фаворит поради финансиската моќ.