Дома Македонски спорт Ги избегнавме најсилните: Познати можните противници на Македонија за квалификациите за ЕП 2025

Ги избегнавме најсилните: Познати можните противници на Македонија за квалификациите за ЕП 2025

Потврдени се сите 32 екипи учеснички кои ќе бидат дел од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година

Репрезентацијата на Данска беше последната што обезбеди место во квалификациите, и им се придружи на Бугарија, Хрватска и Словачка како победници во четирите групи кои се пласираа од третото коло од претквалификациите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Другите 28. репрезентации ги резервираа своите места во квалификациите или преку Европските квалификации за Светското првенство 2023 или во второто коло од претквалификациите за Евробаскетот.

Потврдениот состав за квалификациите за ФИБА Евробаскет 2025:

Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летониија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција, Украина.

Овие 32 национални селекции ќе бидат поделени во осум групи од по четири тима на ждрепката за квалификациите, што ќе се одржи на 8 август во Минхен, а церемонијата ќе се пренесува во живо на официјалниот YouTube  канал на ФИБА, од 11.30 часот.

Квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, ќе се играат во три „прозори“, односно на 19-27 февруари 2024 година, 18-26 ноември 2024 година и 17-25 февруари 2025 година (со по два натпревари одиграни од секоја екипа во секој прозорец).

Трите највисокопласирани селекции од секоја група, освен групите во кои влегуваат кодомаќините на ЕП, Кипар, Финска, Полска и Летонија, ќе се квалификуваат за финалната рунда.

Во групите кои ги содржат нациите домаќини, домаќинот и двете други највисоко пласирани селекции ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …