Македонија е се поблиску до Европското првенство, утре нашата селекција го игра првиот натпревар против Франција, една од ракометарките со поголемо интернационално искуство иако има само 24 години е Леонида Гичевска.
Гичевска во овој момент астапува за Локомотива Загрев и се надева на добра престава на натпреварите. Турнирот го започнуваме против Франција која е една од најсилните европски селекции и селекција која важи за еден од фаворитите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Стартот на Европското првенство е се поблиску, расте возбудата. За сите е чест што играме на едно вакво натпреварување. Да уживаме колку што можеме и да дадеме се од себе. Сакаме да се прикажеме во најдобро светло пред публиката. Ако добиеме и најмала шанса ќе се обидеме да ја зграбиме за пласман во главната фаза“.
„Противниците ги анализиравме со видео анализа и добри сме на тактички план. До пред две сезони играв во Франција и за мене тоа е најсилната лига во светот, таму забележав голем напредок за тие две сезони. Сакам да испратам порака до фановите: Дојдете и бодрете не во што поголем бро, се надеваме дека заедно ќе ја израдуваме Македонија“, изјави Леонида.