Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс се смета за симбол на една славна ера и историја на „црвените ѓаволи“ под водство на Сер Алекс Фергусон. Сега Гигс зборуваше за иднината на Јунајтед.
Манчестер Јунајтед е без освоена титула во Премиер лигата од заминувањето на славниот шкотски менаџер во 2013 година. Гигс смета дека може да помине и уште долго време за Јунајтед да застане на тронот во најсилната англиска конкуренција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Би можело да поминат 15-20 години додека Јунајтед ја освои новата тиутла во Премиер лигата, посебно ако Клоп и Гвардиола останат на нивните сегашни позиции“.
„Јунајтед има ресурси и играчи за големи успеси, но ги имаше и Ливерпул па минатата сезона ја освоија првата титула по 1990 година. Дури и на Клоп му беа потребни четири ипол години за да стигне до титулата, тој во секоја година го правеше клубот се подобар и подобар. Многу менаџери мислат дека ќе дојдат до титула кога ќе добијат работа во голем клуб, но не е секогаш така лесно“, изјави легендарниот Велшанец.
Гигс за Јунајтед играше од 1990 до 2014 година и освои се што можеше да се освои, а краток период беше и тренер на Манчестер Јунајтед. Селектор на Велс е од 2018 година.