Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за ѕвездата на Спортинг Лисабон

Гигантите се „тепаат“ за ѕвездата на Спортинг Лисабон

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе води жестока борба со Јувентус и Пари Сент Жермен во трката за потписот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернаднеш.

24 годишниот фудбалер за врска против Авес го постигна својот 28 погодок во сезоната и со тоа го надмина рекордот на Френк Лампард за најдобар стрелец во една сезона за играч од средниот ред.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека скаути на Манчестер Јунајтед редовно ги следат неговите настапи и раководството сака да го донесе на „Олд Трафорд“, но ќе треба да се озбори со силната конкуренција.

Се шпекулира дека Јунајтед веќе воспоставил контакт со агентцијата која го застапува Бруно Фернандес и биле направени првите разговори за неговиот можен трансфер на „Олд Трафорд“.

Треба да се додаде дека Фернандеш има договор со Спортинг до 2023 година и дека во истиот има откупна клаузула во износ од 100 милиони евра.

Португалските медиуми пренесуваат дека Спортинг за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Инаку, Фернандеш во Спортинг пристигна од Сампдорија летото 2017 година за нешто помалку од 10 милиони евра. Пред Сампдорија настапуваше за Удинезе, Новара и Боависта, клубот во чија младинска школа и поникна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…