Дома Топ вести Гигантите сакаат да го „украдат“ бисерот на Милан

Гигантите сакаат да го „украдат“ бисерот на Милан

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 15 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Камарда е едвај доволно возрасен за кадет, но Милан го повика во јуниорскиот тим. Пред да се приклучи на натпреварувањето до 19 години, тој постигна повеќе од 500 гола во помладите возрасти и има страшен просек од 5,5 гола по натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред три дека Камарда испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Сарија А со 15 години и осум месеци.

Светските медиуми пишуваат за него веќе неколку години откако италијанскиот скаут Скиаболата Морбида го привлече вниманието кон него, а многу европски фудбалски гиганти веќе работат на негово доведување.

Камарда се уште нема професионален договор со Милан, бидејќи нема уште 16 години, па неколку европски гиганти сакаат да го „украдат“ и да го доведат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потврдено: Албанија и Србија сакаат заеднички да организираат Европско првенство

Фудбалскиот сојуз на Албанија соопшти дека поднел барање да биде домаќин на Европското прв…