Дома Фудбал Англија Гигантите на штрек: Азар му постави услов на Челзи!

Гигантите на штрек: Азар му постави услов на Челзи!

Навивачите на Челзи беа воодушевени после изјавата на Азар дека останува на „Стенфорд Бриџ“, но неговата иднина е се уште неизвесна, а сега се знае и условот кој е потребен за Белгиецот да остане во Челзи.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Еден Азар ќе остане во Лондон и ќе потпише нов договор со клубот, само доколку Челзи избори пласман во Лига на шампиони. Јасно е дека на најдобрите фудбалери во светот му е важно да играат во најелитното натпреварување, а Белгиецот не сака да остане две години со ред надвор од ЛШ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи има два начини да избори пласман во Лигата на шампиони, или во првенството да заврши во Топ 4, или пак да ја освои Лига Европа. „Сините“ одлично ја отворија сезоната под водство на Сари, со две победи, и сигурно се едини од главните кандидати за пласман во Топ 4.

Во меѓувреме медиумите на Островот пренесуваат дека „синиете“ му понудиле на Азар нов договор според кој ќе заработува 300.000 фунти неделно, но Азар наводно нема да стави потпис до крајот на сезоната, кога ќе стане јасно дали тимот ќе игра во ЛШ или не.

Европските гиганти внимателно ја следат ситуацијата, особено Реал Мадрид, кој долго време го посакува Белгиецот во своите редови.

Доколку Азар не го продолжи договорот следното лето ќе влезе во последната година од договорот и неговата цена значително ќе се намали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…