Поранешниот играч на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Марио Геце призна дека погрешил во 2016 година, кога Јирген Клоп го покани да се пресели во Ливерпул.
Тогап Геце се раздели со Баварците, но реши да остане во Бундеслигата и се врати во Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште сме во контакт со Клоп. Тој имаше големо вчлијание во развојот на мојата кариера. Зборувавме за можноста да дојдам во Ливерпул, но јас тогаш не бев спремен за таков трансфер и затоа не се случи. Дали жалам? Да, мислам дека требаше да потпишам за Ливерпул, едноставно погрешив“, изјави Геце.