Едуардо Камавинга вчера играше за У21 репрезентацијата на Франција против Украина.
Натпреварот одигран во квалификациите за Европското првенство заврши со резултат 3:3, а младата ѕвезда на „Триколорите“ и Реал Мадрид направи одличен гест по завршувањето на мечот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Камавинга по натпреварот реши да ја посети соблекувалната во која беа украинските играчи и им ги подари дресовите на француската репрезентација.
„Знаеме дека поминувате низ лошо време и ова е еден мал подарок за сите“, изјави Камавинга, кој го освои својот прв трофеј во Лигата на шампионите пред неполни две недели, кога славеше со Реал во Париз против Ливерпул (1-0).
Фудбалерот на Реал Мадрид стартуваше во првите две победи на Франција до 21 година против Ерменија и Србија. Вчера влезе во второто полувреме од вчерашното реми против Украинците.
Франција заврши на првото место во групата Х од квалификациите со 26 бодови, додека Украина е втора со 20 бодови. Младите Французи на тој начин директно се пласираа на Европското првенство. Ќе потсетиме во оваа група беше и Македонија, нашите млади фудбалери завршија како претпоследни во групата.
Camavinga went into the Ukraine dressing room and gifted the whole Ukraine team France’s shirts from the game.
— TC (@totalcristiano) June 10, 2022
“We know there’s currently a bad situation and this is for all the team.”
pic.twitter.com/hmHYSPjb1a