Дома Фудбал Репрезентации Германците објавија детали од договорот на Флик со националниот тим

Германците објавија детали од договорот на Флик со националниот тим

Tренерот на Баерн ќе биде новиот селектор на Германија.

Флик на клупата на Германија ќе го наследи Јоаким Лев после претстојното Европско првенство. Оваа информација е позната од претходно, а Германците објавуваат и детали за договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со Фудбалскиот сојуз на Германија Флик потпишал договор до 2024 година. Ова значи дека тој Германија ќе ја предводи во квалификациите за СП 2022 во Катар и квалификациите за ЕП во 2024 година. Потоа би требало да се разговара за нов договор во зависност од неговите резултати.

Работата во селекцијата на Германија не е непозната за Флик затоа што од 2006 до 2014 година му беше помошник на Лев во националниот тим. Во тој период Германија беше и светски шампион.

Ќе потсетиме, во Баерн ќе биде наследен од актуелниот тренер на Лајпциг Јулијан Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…