Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, заработи казна и суспензија поради пропуштањето на тренингот на германскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дембеле ненајавено одлучил да замине за Париз каде што чека зелено светло за да го комплетира трансферот во Барселона. Меѓутоа преговорите помеѓу Борусија и Барселона не се одвиваа како што очекуваше фудбалерот и германскиот клуб ја одби понудата.
Овој потег Дембеле скапо ќе го плати. Тимот објави дека ќе биде казнет и суспендиран поради ваквиот потег, но сеуште не е познато за каква казна се работи.
Да потсетиме, талентираниот фудбалер не се појави на утринскиот тренинг, а покрај тоа и не одговараше на телефонските повици на тренрот на „милионерите“ Питер Бош. Дембеле сепак на крајот ќе мора да се врати во Дортмунд иако силно посакуваше преселба на „Ноу Камп“.