Дома Топ вести Германците им покажаа на Шпанците како се сака фудбалот: Срам за армијата навивачи на Барселона

Германците им покажаа на Шпанците како се сака фудбалот: Срам за армијата навивачи на Барселона

Со децении наназад Лигата на шампионите е најинтересното и најдоброто фудбалско натпреварување и привлекува најголемо внимание кај фудбалските фанови ширум светот.

Но, изгледа за навивачите на Барселона и не е така привлечно кога игра против помал клуб. Имено, Барселона сезонава поради градежните работи на „Камп Ноу“ своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Монжуик“ кој е со капацитет од 49.000 седишта.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа е капацитет многу помал од оној на „Камп Ноу“, меѓутоа и тоа се покажало како премногу за навивачите на Барселона во овој дуел. Како што објавија шпанските медиуми, Барселона не успеала да ги распродаде билетите за овој дуел.

За споредба се наведува дуелот Шахтјор – Порто кој поради ситуацијата во Украина се играше во Германија на теренот на Хамбург. На овој натпревар се собраа околу 50.000 во главно неутрални навивачи. Ова доволно зборува за тоа колку се сака фудбалот во Германија, навивачите ги полнат трибините дури и кога не игра германски тим.

Влијание имаше секако и тоа што последен пат на стадионот на Хамбург натпревар од Лигата на шампионите се играше во сезоната 2006/2007.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…