Eкипата на Херта се наоѓа пред испаѓање од Бундеслигата поради лошите резултати, но за овој клуб се заканува уште еден поголем проблем, исфрлување во четврти ранг поради финансиски проблеми.
Херта има проблем со лиценцата за следната сезона, пренесуваат германските медиуми. Целиот проблем настана со генералниот спонзор со американската фирма „777 Партнерс“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во постојан контакт сме со Германската фудбалска лига кога во прашање е процесот на лиценца и партнерство со нашиот инвеститор 777 Партнерс. Двете теми мораат да се расправат и да се разјаснат и исполнат сите легални барањња, посебно 50+1 правилото. Нема дополнително да ја коментираме ситуацијата во врска со процесот и шпекулациите кои се појавија во медиумите“, соопштија од Херта.
Германските медиуми пренесуваат дека ситуацијата е многу ризична и дека ниту еден клуб во Германија досега немал сличен проблем.
Главното прашање е дали партнеството со Херта и американската компанија го крши правилото 50+1 кое ограничува финансиер во германскиот професионален спорт. Берлинскиот клуб е во проблем затоа што без 100 милиони евра колку што спонзорира „777 Партнерс“ нема да може да обезбеди лиценца за наредната сезона.