Дома Фудбал Германскиот фудбал ја менува тактиката – тргнува смело против коронавирусот

Германскиот фудбал ја менува тактиката – тргнува смело против коронавирусот

Фудбалските луѓе во Германија донесоа решение да ја променат тактиката во борбата со коронавирусот и да направат важен чекор во продолжувањето на првенството.

Според телевизијата MDR најпрво сите играчи ќе бидат тестирани во рок од три дена. Ако некој се покаже дека е заразен, тој ќе биде ставен во карантин. Меѓутоа, неговите соиграчи нема да бидат изолирани, туку ќе продолжат да тренираат.

Досега правилото беше на еден доказан позитивен случај сел тим да оди во карантин.

Дури и да има повеќе од еден заразен нема да биде проблем. За да може еден тим да учествува во натпреварот, треба да располага со најмалку 13 здрави фудбалери и двајца голмани.

За оваа цел Германската лига ќе формира специјален тим на лекари кои константно ќе вршат тестови на на фудбалерите.

Се очекува со ваквиот начин првенството во Германија да продолжи многу порано од предвиденото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…