Дома Фудбал Германија Германската легенда: Националните првенства се досадни, се надевам дека наскоро ќе гледаме Суперлига

Германската легенда: Националните првенства се досадни, се надевам дека наскоро ќе гледаме Суперлига

khan

Легендарниот германски голман Оливер Кан во интервју за „Билд“ ја нарече германската Бундеслига досадна.

Имено, Кан кој долго време го носеше дресот на Баерн Минхен, смета дека за германскиот фудбал не е добро тоа што Баерн веќе неколку години рутински ја освојува титулата во Бундеслигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Бундеслигата е прелесна за Баерн и од година во година ништо не се менува, само изгледа дека нив им станува се полесно и полесно“, истакна Кан.

Тој смета дека спасот е во натпреварување во кое би учествувале најдобрите европски клубови. Но, не во формат како што е Лигата на шампионите, туку како класично првенство кое го нарече Суперлига.

„Националните шампиони стануваат се подосадни. Се надевам дека наскоро ќе гледаме Суперлигата во која ќе учествуваат најдобрите клубови од Европа“, истакна Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…