Летово Германија беше домаќин на Европското првенство во фудбал, а сега Германците се одлучија да поднесат и кандидатура за континталниот собир за жени кој ќе се одржи во 2029 година.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Германија, Бернд Нојендорф изјави дека државата се чувствува подготвен да организира уште еден голем настан. Конкуренти за организација на турнирот на Германија ќе и бидат Португалија, Данска и Шведска.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Името на земјата домаќин, УЕФА треба да го соопшти до крајот на 2025 година, а според информациите Германија има најголеми шанси. Стадионите во земјата имаат одлична инфраструктура, а неодамна беа и реновирани за потребите на Европското првенство.