Дома Фудбал Германија рутински до втора победа на ЕП

Германија рутински до втора победа на ЕП

Германската репрезентација рутински ја совлада Унгарија со 2:0 и веќе обезбеди пласман во нокаут фазата на ЕП.

Резултатот беше отворен по 22 минути игра кога Џамал Мусиала ја искористи асистенцијата од Гундоган и го постигна неговиот втор гол на првенството. 

До крајот на полувремето Германија создаде уште неколку шанси, а на втор гол се чекаше до 67-та минута кога Гундоган ги постави конечните 2:0.

По вториот пораз во групата, Унгарија остана само со теоретски шанси за пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …