Германската фудбалска федерација објави дека натпреварот во квалификациите за СП 2022 против Македонија ќе го игра во Дуисбург.
Како што е познато од претходно објавениот календар дуелот со Германија на гости ќе го играме на 31. март и тоа ќе биде првото гостување на нашата репрезентација во Германија. „МСВ“ арената на која Германија ќе ја пречека Македонија има капацитет од 31.500 гледачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На овој стадионот игра локалниот Дуисбург кој во минатото беше дел и од Бундеслигата, но сега е во третата германска лига.
Шест дена претходно Германија на истиот стадион ќе биде домаќин на Исланд исто така во натпревар од нашата група.