Дома Фудбал Германија воведува задолжителна вакцинација за спортистите

Германија воведува задолжителна вакцинација за спортистите

Германија се соочува со рапиден раст на заразени од коронавирусот. Медиумите тврдат дека е можно, наскоро, на спортистите кои не се вакцинирани, да им биде забрането да настапуваат за своите клубови.

Доколку биде воведена оваа мерка, најтрофејниот германски фудбалски клуб, Баерн Минхен, ќе се најде во сериозни проблеми. Четворица важни играчи на Баерн одбиваат да се вакцинираат.

Тоа се Џосуа Кимих, Серж Гнабри, Џамал Мусијала и Ерик-Максим Чупо Мотинг, па имаа проблем и во германската репрезентација.

„Сметаме дека штом посетителите на стадион мора да бидат вакцинирани, истото треба да важи и за спортистите“, соопштија од германското министерство за здравство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно на терен по 11 години: Одигра полувреме и најави дека може пак!

Бразилската легенда настапи за Равена против Форли и беше дел од акцијата за голот на Дона…