Дома Фудбал Англија Гери Невил: Санчо е далеку од најдобрите во светот

Гери Невил: Санчо е далеку од најдобрите во светот

Бившиот англиски репрезентативец Гери Невил смета дека Џејдон Санчо не е фудбалер од светска класа.

20-годишниот Англичанец блеска во дресот на Борусија Дортмунд и за него се „тепаат“ гигантите од Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Санчо веќе подолго време се поврзува со трансфер на „Олд Трафорд“, а Гери Невил смета дека тој не е меѓу најдобрите фудбалери на светот.

„Да бидам искрен, малку се занесуваме кога е во прашање Санчо. Мислам дека во Англија има многу одлични фудбалери, но постојат други играчи и во Бразил, Аргентина и во останатите земји“, истакна Невил.

„Не верувам дека имаме златна генерација, не би го рекол тоа. Велите дека генерацијата на Бекам, Џерард, Лампард и Руни беше златна, но Бразил ги имаше Роналдо, Ривалдо и Ронадлдињо каква е тогаш таа генерација? Чекајте малку, Аргентина ги има Агуеро, Игуаин, Меси и Ди Марија. Каде се тие во однос на Санчо, Џејдон не е ниту блиску до нив. Тој е талент, но мора да освојува трофеи за да може да се споредува со споменатите играчи“, заклучи Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…