Поранешниот англиски фудбалер Гери Линкер во годината беше често пати активен на Твитер, а така и ја заврши.
Линкер често пати се огласуваше критикувајќи ги случувањата во фудбалот. Неговиот последен Твит во 2018 година беше наменет за Лионел Меси и изборот за „Златната топка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Водечки стрелец во најсилните европски лиги во 2018 година беше Меси со 47 голови. Најмногу асистенции имаше Меси, 26. Исто така постигна најмногу голови од слободен удар во историјата на најсилните пет првенства. Петти во изборот за Златната топка“, напиша Линкер.
The leading scorer in Europe’s top 5 leagues in 2018 was Messi with 47 goals. The most assists made in Europe’s top 5 leagues in 2018 was Messi with 26. He also scored directly from more freekicks than anyone in the history of Europe’s top 5 leagues. 5th in Ballon d’Or. ??
— Gary Lineker (@GaryLineker) December 31, 2018