Дома Фудбал Останато Герет Бејл во центарот на нов скандал!

Герет Бејл во центарот на нов скандал!

Нов скандал го потресе Реал Мадрид.

Имено, Бејл не бил физички спремен да патува со екипата на Ауди купот, Зидан во вторник изјави дека Велшанецот не се чувствува добро. Во времето кога Реал губеше од Тотенхем, папараците го фатија Бејл како игра голф. Неговата опсесија за голф е добро позната, меѓутоа од другата страна јасно е дека не се интересира за професионалните обврски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знам, не ја видов видео снимката, овде сум со екипата, не знам што се случува со Бејл. Приватно, нека прави што сака. Нема да ме вовлечете во приказната околу тоа дали е професионално или не, ќе видиме кога ќе се вратиме во Мадрид“, изјави Зидан.

Сепак, медиумите пишуваат дека Перез сериозно ќе разговара со Бејл, иако реално, ништо не може да му направи. Кина отпадна, таму трансфер периодот е завршен, останаа уште седум дена до спуштање на завесата на пазарот во Премиер лигата, но изгледа дека никој не го сака Велшанецот.

Тој продолжува по своето, договорот го штити, Реал за следните три години на Бејл ќе треба да му исплати 90 милиони евра. Потсетуваме, трансферот во Кина пропадна бидејќи Кинезите нудеа симболичен надомест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…