Ракометната репрезентација на Македонија вчера го имаше првиот официјален собир пред двомечот во баражот за Светското првенство во кој ќе играме прво со Романија.
Гоце Георгиевски кој е еден од најискусните ракометари во нашите редови смета дека не очекува еден тежок противник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фаворити сме на хартија, но можам да кажам дека го добивме еден од најтешките можни противници. Познат противник против кој игравме еден бараж, но од тогаш и кај нив и кај нас се сменија многу работи. Во Романија главниот акцент беше ставен на женскиот ракомет, но со враќањето на Чави Пасквал за селектор и поставување за тренер на Динамо Букурешт покажаа колку сакаат да го кренат ракометот. Имаат квалитетни играчи, подолго време не се на големите натпреварувања, но мислам дека се на вистинскиот пат“, изјави Георгиевски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Романија се игра в четврток од 19:30 часот, а реваншот е два дена подоцна во Букурешт.